Како лидерот на Северна Кореја ги измами сите

0
1642

Лидерот на Северна Кореја Ким Џонг Ун пристигна во Сингапур користејќи се со „измама“ со авионите, додека на аеродромот во Сингапур го дочека конвој возила.

Еден од трите авиони што полетале од аеродромот во главниот град на Северна Кореја Пјонгјанг, бил советскиот Иљушин-62, личниот авион на Ким, познат и како Јастреб-1.

Авионот на Ким на Запад е познат и како Ер форс ун, што е игра на зборови од американскиот претседателски авион Ер форс уан.

Личниот авион на Ким Иљушин всушност бил диверзија, бидејќи лидерот на Северна Кореја во Сингапур пристигнал вчера во Боинг 747, кој припаѓа на компанијата Ер Кина.

линк