Како лицата со попреченост да го остварат правото на глас на избори

0
1470

Две годишното истражување на Здружението „Инклузива“ од Куманово покажало дека најголемиот дел од објектите каде што граѓаните го остваруваат своето право на глас за време на изборите биле непристапни за лицата со попреченост. Денес во Битола се одржа работилница на која што зедоа учество и претставници од ОИК од овај регион .

-Со помош на ДИК се направи проценка на сите избирачки места во Македонија. Пример, во Полошкиот и Северо-источниот регион 64 проценти од гласачките места се воопшто непристапни за лицата со некаква попреченост, не мора да е само лице во количка, туку и за лицата со оштетен вид бидејќи на нив им треба придружник, рече Благица Димитровска, претседател на Здружението „Инклузива” од Куманово.

Според Димитровска проблем е и пристапот до информации и начинот на комуникација со лицата со попреченост. Поради тоа токму темата  на денешната работилница „Комуникација и пристап на лицата со попреченост за учество во изборниот процес “ имаше за цел едукација на членовите на ОИК од регионот. Таа како преблем ги наведе и просториите на политичките партии за учество на лицата со попреченост во политичкиот живиот.

-Се создаваат проблеми на гласачките места при остварување на првите контакти со Општинските изборни одбори бидејќи луѓето не поседуваат вештини за правилна комуникација со оваа категорија граѓани. Така, лицата со попреченост се откажуваат од гладање или го остваруваа во домашни услови, додаде Димитровска

Државната изборна комисија склучи меморандум за соработка со здружението “Инклузива” и организира регионални работилници со цел обезбедување на еднаков пристап до избирачките места за време на гласање при избори.

Од ОИК во Битола се свесни за проблемите и се надеваат дека во иднина тоа ќе се реши.

Здружението Инклузива на претседателските избори ќе биде акредитиран набљудувач на целата територија на Република Македонија. Проектот „Зголемување на учеството на лицата со попреченост во изборниот процес“ е финансиран од американската амбасада во Република Македонија.