Како се слави љубовта во Битола

0
1381

14 ти февруари – ден на виното или љубовта.Во минатото немавме никаква дилема дека на оваа дата православниот свет го слави св Трифун. Но како што многу работи природно или неприроднио ги прифативме од западниот свет, така дојде и Св Валентин да добие свое место кај нас на ова дата. Во католичкиот верски календар С.в Валентин се слави како ден на љубовта. А понекогаш дилемата за Свети Валентин или Свети Трифун се претвора во битка меѓу комерцијалното и традиционалното.

Подароци, букет цвеќе, плишани мечиња, романтични вечери, љубовни чоколади ова се дел од подароците кои си ги подаруваат вљубените. Велат, пораката е да се посвети внимание на саканата личност.

Мислењата се поделени, едни сакаат да веруваат во моќта на љубовта, а други во бериќетот и доброто вино.

За вљубените секој ден е денот на љубовта, а пак за љубителите на доброто вино, секоја прилика е повод за наздравје. Но, спојот на овие две убави работи е токму на 14 февруари, кога целиот свет слави и изразува љубов.