Како се справуваме со снегот и студот

Бавно движење на пешаците, бавно движење на автомобилите. Вака им почна работната недела на битолчани, после дводневните врнежи на снег во градот под Пелистер. Висината на снежната покривка во 7 часот утрово според УХМР изнесуваше 32 сантиметри.  ЈП Нискоградба кое е задолжено за расчистување на снегот од коловозите заедно со подизведувачите на терен излегле со цела механизација, односно улиците се чистеле по приуритет со 4 камиони, 8 поголеми ровокопачи и 5 мали ровокопачи.

„Екипите на ЈП „Нискоградаба“ континуирано беа излезени на терен. Континуирано се чистеа улиците од прв и втор приуритет и пригратските населби заедно со нашите подизведувачи.  По престанокот на врнежите во ноќните часови  и утрово, ние извршивме допоминување на локаланите патишта до селата, најчесто до подпелистерските села каде луѓето имаа големи проблеми поради големите наноси од снег . Моментално сите правци се проодни, имаме за чистење уште на две места, во с.Гопеш и с.Ореово. Во текот на денешниот ден и тие села ќе бидат пробиени“, рече директорот на ЈП Нискоградба Методи Силјановски.

Во изминатите два дена се соочиле и со проблеми во чистењето на снегот и покрај апелот до граѓаните за отсранување на возилата од коловозите и тротоарите.

На битолски Широк Сокак снегот расчистен од двете страни, собран на средина. Дуќанџиите со метлите во рака го чистеа пред своите дуќани. Иако ладно утрово кај 10 часот Широк Сокак беше раздвижен. Некој по работа, некој да плати сметки, други пак на утринко кафе. Но сите внимателно се движеа.

Дел пак од таксите се пожалија дека улиците не се чисти.

За прв пат Нискоградба во саботата на Широк Сокак употреби еколошко средство против мрзнење и наталожување на снег. Прашавме колку тоа средство им помогна во вакви услови .

Од УХМР информираат дека студеното време ќе се задржи и во следните денови, со минусни температури. Во Битола утре се очекува минималната да се спушти до -16 степени, а макисмалната -2 степени.

Сподели