Калиопи деновиве уживаше во битолско кафе со својата пријателка Олгица

”Битола ноќе со мојата Олгица” вака беше насловен постот кој пејачката Калипи го објави на својот фејсбук профил деновиве по повод посетата на нашиот град и нејзината пријателка и колешка Олгица.

За пријателството со битолќанката Олгица таа додаде “Луѓето секогаш доаѓаат во нашиот живот поради некоја причина, но во него засекогаш остануваат само оние кои доаѓаат со Вистинска причина и кои ја изговараат дури и најсуровата искреност, за која ризикуваат да не изгубат … Јас таквите луѓе ги нарекувам  пријатели …  пардон-семејство! “

Во продолжение таа објави фотографии како пие кафе во едно од битолските кафулиња а истото го пофали.

Неодамна на нејзиниот фејбук профил покрај концертите букирани за ова лето беше објавено и едно видео на кое таа ја изведува песната “Summertime” во продолжение уживајте во неа.

Сподели