Каменос ја напушта коалицијата со Ципрас?

0
709

Актуелниот министер за одбрана на Грција Панос Каменос, утре, како што пренесуваат дел од медиумите од регионот , ќе ја напушти коалицијата со партијата на премиерот Алексис Ципрас поради незадоволството постигнато со договорот со Македонија и така ќе ја урне грчката влада.

Каменос е основач на десно ориентираната Партија на независни Грци која уште на старт се спротиви на било каква одлука со зборот Македонија во решение за спорот околу името.

Дел од медиумите во регионот брифираат дека, тој своето противење на договорот Северна Македонија да биде дел од името ќе го истакне со излегување од коалицијата и уривање на владата со што ќе ја забави ратификацијата на постигантиот договор меѓу Скопје и Атина.