ТЕРА

REKLAMA???

КАМЕРНИОТ ОРКЕСТАР И СПЕЦИЈАЛНИ ГОСТИ НА ВТОРАТА ВЕЧЕР ОД ,,ФЕСТИВАЛОТ НА МУЗИКА ОД СВЕТОТ”

На 29 ноември, со почеток во 20:00 часот, во Центарот за култура ќе се одржи втората вечер од „Фестивалот на музиката од светот“, посветена на богатството на балканската музика. Настанот ќе го предводи Камерниот оркестар на Битола, со специјални гости кои ветуваат незаборавна вечер.

На сцената ќе настапат кларинетистот Благојче Трајковски, познат како еден од најдобрите во регионот, вокалистката Сузана Спасовска, која со својата интерпретација е симбол на македонската народна музика, и актерот Петар Горко, со 35-годишна кариера во НУ Театар Битола, кој со својата работа ги инспирира љубителите на пишаниот збор и уметноста.

Камерниот оркестар на Битола, кој оваа година одбележува 10 години од своето постоење, ќе ги спои традиционалните звуци со современи елементи, носејќи ги слушателите на уникатно музичко патување низ Балканот.

Настанот е дел од проект поддржан од „Фестивалот на музиката од светот“ и претставува кулминација на духот на заедништво, уметност и инспирација.