Камерниот оркестар на Битола во големата сала на НУ. Центар за култура го одржа традиционалниот новогодишен концерт, „Виена во Битола“.

Пред публиката во Битола настапија Зана Абази Рамадани, сопран од Косово, Роберто Јакини Вирџили, тенор од Италија, македонските уметници Ивана Здравкова-сопран и Мими Поп Алексова-примабалерина од македонската опера и балет, како и други уметници кои беа придружувани од камерниот оркестар на Битола и под диригентство на Иван Еминовиќ и Владимир Димовски.

„Битолскиот камерен оркестар заслужено е институционализиран и го доби статусот на Национална установа“, истакна министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска .
Организацијата и одржувањето на новогодишниот концерт „Виена во Битола“ покрај Министерството за култура беше поддржана и од Општина Битола.












