Канада ги укина термините татко и мајка во документите, отсега се само родители

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Канада одлучи термините „татко“ и „мајка“ да ги замени со „родител“ во официјалните формулари, а планира да ги исфрли од официјалната кореспонденција и термините „господин“ и „госпоѓа“, освен ако самото лице не го побара тоа.

„Канадската влада реши да стави неутрален род во своите формулари“, изјави Матиеру Фијон, портпаролот на министерството за семејство.

Одлуката е донесена бидејќи досегашните формулари „не се приспособени на денешните прилики“, објасни Фијон.

Целиот случај почна во јануари кога хомосексуална двојка во Нова Шкотска сакала да извади потврда за социјално осигурување за нивното дете за што требало да одредат кој е таткото а кој мајката, изјави портпаролот.

Отсега ќе се бараат само имињата на родителите.

„Кога станува збор за писмената кореспонденција, канадската влада нема повеќе да ги почнува обраќањата со „господине“ или „госпоѓо“.

„Повеќе нема род, писмата едноставно се испраќаат со името на лицето“, кажа Фијон.

mkd.mk

Share.