Канадска фирма собирала податоци од Фејсбук

0
165

Компанијата Фејсбук соопшти дека прекинала соработка со канадска фирма за консултантски услуги во политиката Егригејт Ај-Кју (Aggregate IQ) откако е објавено дека е можно таа фирма на несоодветен начин да имала пристап до лични податоци на корисници на Фејсбук.

Ес-Це-Ел е скратеница за фирмата Лаборатории за стратешки комуникации кои имаат договор со владата и армијата и сопственик е Кембриџ аналитика.

Според Кристофер Вајли, кој откри за потезите на Кембриџ аналитика, Егригејт Ај-Кју примале пари од групи за кампања за напуштање на Велика Британија на Европската унија пред гласањето за референдумот во 2016 година.