Канализациона мрежа и пречистителна страница во Добрушево

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Канализациона мрежа со пречистителна станица ќе се гради во селото Добрушево, Општина Могила, соопшти градоначалничката на Могила Јасмина Гулевска.

Министерството за животна средина и Општина Могила потпишаа договор за доделување на средства  за проектот  со вкупна вредност од  6 896 865 денари.

„Договорените страни се согласни финансиските средства кои се доделуваат од страна на Министерството за животна средина за реализација на проектот да изнесуваат 4 800 000 денари со вклучен 18 проценти ДДВ или 70 проценти од вкупната вредност на проектот. Сите дополнителни и непредвидени работи кои ќе произлезат од реализацијата на проектот да ги финансира корисникот од свои средства или да обезбеди дополнителни“  стои во договорот.

Share.