Канатларовски го објави списокот за октомвриските натпревари, повикан и еден битолчанец

Македонската репрезентација до 21 година на 7 октомври против Фарски Острови во Клаксвик и на 12 октомври против Ерманија во Ереван ги продолжува квалификациските натпревари за пласман на Европското првенство 2023 година. На списокот е еден битолчанец, младиот голман Марко Алчевски.

Селекторот на младата репрезентација, Драги Канатларовски за двете гостински пресметки ќе смета на следните фудбалери:

Голмани:
Давид Денковски (Брегалница 2008), Марко Алчевски (Академија Пандев), Дамјан Серафимив (Кадино)

Одбрана:
Филип Антовски (Австрија Виена, Австрија), Блертон Шеји (Шкупи), Бесир Исени (Струга Трим Љум), Марио Младеновски (Македонија Ѓ.П.), Александар Ѓурковски (Тиквеш 1930), Адриан Хајдари (Рапид Виена, Австрија), Ѓорѓе Јанкулов (Борец), Јован Манев (Брегалница)

Среден ред:
Бесник Ферати (Академија Пандев), Енис Фазлагиќ (Жилина, Словачка), Али Адем (Шкупи), Томче Гроздановски (Дуго Поље, Хрватска), Амел Рустемоски (Вил, Швајцарија), Лука Станковски (Работнички), Арби Воша (Македонија Ѓ.П.), Емир Скендери (Струга Трим Љум), Методи Максимов (Работнички), Лука Трајковски (Борец)

Напад:
Давид Тошевски (Горник, Полска) Марко Ѓорѓиевски (Шкупи), Марио Илиевски (Септември Софија, Бугарија)

Собирот на репрезентацијата е закажан за трети октомври во хотел „Александар Палас“ во Скопје.

Сподели