„Канти“

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Битолската „Поинаку“ денеска преку својата Фејсбук страница објави дека поставиле 50 монтажни држачи за кеси за ѓубре. Велат дека држачите биле ефтини, лесно одржливи и не оштетуваат. И како што напишаа „молба до Комуналец да ги менува редовно и дека вреќи се гратис. За поинаква и чиста Битола“.

Од ЈП „Комуналец” пак велат дека ги поздравуваат сите иницијативи на граѓаните за собирање на отпад и грижата за почиста животна средина. Воедно, ги повикуваат граѓаните, пред секоја нивна иницијатива, да го консултираат нивното претпријатие за начинот на поставување на одредени реквизити од нивна страна, бидејќи и тоа подлежи на соодветна законска регулатива.

На територијата на градот Битола, ЈП „Комуналец” има поставено 250 мали канти за отпад, на соодветни локации. Според Програмата за работа на јавното претпријатие, усвоена од Советот на Општина Битола, секој ден специјално возило и вработено лице од „Комуналец” ги празнат кантите за отпад, за што пак, се фактурира и наплаќа од граѓаните, според веќе утврдената програма за работа, велат од Комуналец.

Во насока на соодветна граѓанска одговорност и свесност, ги охрабруваме граѓаните, кои имаат визии за почиста Битола, кога ќе забележат вандалско уништување на кантите за отпадоци низ градот, да реагираат соодветно до нашата институција или до битолската полиција, со цел да се одржат законско поставените соодветни канти за отпадоци во градот, стои во соопштението од претппријатието.

 

Share.