Капинковски: Голем чекор кон остварување на целта, заслуживме победа над Вардар

По два нерешени резултати во претходните дерби дуели оваа сезона, Пелистер конечно го совлада Вардар со 2-0, со двата гола на Борче Маневски. Овој триумф е прв на домашен терен по децениска пауза, во која ривали или не се среќаваа или играа нерешено или победуваа вардарци.

Тренерот Димитар Капинковски по натпреварот изјави:

„Мислам дека заслуживме да победиме,честитки за моите фудбалери. Од почетокот влеговме сериозно, креиравме повеќе шанси, постигнавме два гола и заслуживме да се радуваме. Сепак е ова најголем натпревар во мак-фудбалот, игравме по лошо време и натопен терен и треба да им се честита на фудбалерите. Направивме голем чекор кон остварување на целта и овие три бода ќе ни дадат дополнителна самодоверба. Честитки и за Вардар, покажаа дека де одлична екипа, полна со младински репрезентативци и никогаш не е лесно да го совладаш Вардар“.

Во следното коло Пелистер гостува кај Работнички, следниот викенд во рамките на 26. коло на Првата лига.

Сподели