ТЕРА

REKLAMA???

КАПИТАЛНИ ПРОМАШУВАЊА ВО КАПИТАЛНИТЕ ИНВЕСТИЦИИ НА ДРЖАВАТА

Државниот завод за ревизија согласно Годишната програма за работа за 2023 година спроведе ревизија на успешност на тема “Реализација на капиталните инвестиции финансирани преку Буџетот на Република Северна Македонија, ЕУ фондови и средства од други меѓународни финансиски институции во надлежност на централната власт и локалната самоуправа“. Незапочнати, незавршени, проекти во арбитража и пенали на меѓународни фирми е состојбата што ја согледува Ревизијата.

 

Нецелосни и нејасни без објективен приказ  се податоците за износот на јавните инвестиции во државата вели извештајот на Државниот завод за ревизија за 2023 година. Во Буџетот не се прикажани  јавни инвестиции од ЈП за државни патишта кое што не е во согласност со најновите методологии за владина статистика и има за ефект нецелосно прикажување на капиталните инвестиции во Буџетот на Република Северна Македонија.

Нема систем за управуавње со јавните инвестиции. Иако се планирани не се воспоставени организациони единици за поддршка на инфраструктурните проекти во канцеларијата на претседателот и кабинетот на заменикот премиер на државата.

Не постои единствена база на проекти од која може да се видат јавни инвестиции и стратешки проекти кои се реализираат, нивната вредност, динамика на реализација, начинот на финансирање, видот на градба и други податоци и информации кои би служеле за процени и анализи за потребите на државата.

Во својата ревизорска анализа Заводот констатира дека од 24 ревидирани проекти со вредност од 3 милијади 950 милиони евра, договори се склучени за 19, а за 5 иако подготовките започнале пред десетина години, сеуште ништо нема на повидок. Од 19-те договорени, завршен е само еден, за 4 проекти договорите се раскинати, за три од овие четирите има меѓународна арбитража и побаруавње за штета од 45,5 милиони евра.

Државата во последните десетина години имала и одобрени проекти од областа на животната средина со средства од програмата ИПА 2 (2014-2020). Меѓу нив е и битолската пречистителна станица, за која во ноември лани беше објавен третиот по ред тендер.

Проектите  од секторот  транспорт се причината заради која државната ревизија има и документи класифицирани под „доверливо“. Тоа што се знае е дека Коридор 8 железничка инфраструктура е започнат во 1996 година и уште не е завршен. Автопатот Кичево – Охрид чини 589 милиони евра од првичните 411 милиони евра и почнат е пред 10 години, а не е завршен. Завршил само рокот за изградба, на 31 декември 2023 година па државата најавила дека заедно со патот Миладиновци-Штип ќе има нов анекс на договор за изградба на патиштава до крајот на 2026 година.

За ТЕН-Т проектите – транс европските коридори 8 и 10д ревизијата вели нема основен проект па вредноста е неизвесна, заклучно со 2023 година само 0.12% од трошоците се однесуваат на градба, се отстапува од предвидената динамика.

Проектите од областа на здравството, изградба на Клинички Центар Скопје, и изградба на Регионална Болница Штип се откажани поради раскинати договори за заем и договори за градба. Изградба на нов здравствен објект во Кичево е започната пред повеќе од 25 години. И овој проект не е завршен.

Ревизијата прочешлала и проекти  од сектор водостопанство. За трите проекти Брана Конско, Гевегелија, Брана Речани на Оризарска река, Кочани  и ХМС Равен – Речица, Полог со вкупна договорна вредност од 91 милион евра, не биле создадени услови за почеток за градба, спроведена е постапка за јавна набавка на работи и склучен е договор за изведување на градежни работи. Изградбата на овие три капитални проекти била започната во октомври 2015 односно декември 2016 година. Не се завршени.

Државниот завод за ревизија на оваа фактографија во овој извештај нема никакви препораки за надминување на можните ризици.

 

Извор: ДЗР