Капитенот Лазаров пријавен за настап, Раул го потврди тимот од пред два дена

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Раул Гонзалез го пријави истиот состав од мечот со Шпанија и за вечерашниот дуел со Чешка, па капитенот Кире Лазаров се најде во тимот. Одлуката околу неговиот настап ќе ја донесе стручниот штаб со консултација со медицинскиот тим непосредно пред вечерашниот дуел, околу 17.00 часот.

Пред мечот во неделата со Шпанија, Филип Лазаров се врати во тимот, а отпадна Велко Маркоски. Капитенот Лазаров ноќта ја мина во болницата во Загреб, а во Вараждин ќе пристигне пред самиот натпревар, кога ќе биде донесена одлуката за настап. Петр Шлахта е новото името во чешкиот тим и дополнително е повикан да дебитира на Европското првенство на натпреварот со Македонија, како трета опција на позицијата кружен напаѓач.

Share.