Караванот на Систина Офталмологија „Регулиран дијабетес-сочуван вид“ почна од Битола

0
716

Проектот на „Систина Офталмологија“ ги собра на едно место докторите од различни области за заедничка дискусија на темите поврзани со дијабетесот. Целта е преку меѓусебна соработка на докторите да се овозможиинтегрален пристап за подигнување на свеста за последиците и изнаоѓање на соодветни решенија за регулирање на очните состојби кај лицата со дијабетес. Првото предавање на тема „Регулиран  дијабетес – сочуван вид“ започна во Битола, на Широк сокак во Хотел „Милениум Палас“.

На предавањето свои излагања имаа д-р Златко Арнаудовски како стручен директор на „Систина Офталмологија“ Скопје, д-р Александра Гочева Јерчиќ – спец. офталмолог во „Систина Офталмологија“ Битола, д-р Фанка Гилевска и д-р Мирјана Саздовска спец.офталмолози во „Систина Офталмологија“ Скопје, д-р Искра Битовска Милева спец. ендокринолог во Универзитетска клиника за ендокринологија, сијабетес и метаболни нарушувања и Виктор Лукарски од Здружение на лица со дијабетес „Алегрија“.

„Интегралниот пристап во нашата работа го продолжуваме со првото предавање од проектот „Регулиран дијабетес – сочуван вид“ тука токму во Битола. Со заедничката соработка и размена на знаења и информации на докторите од различни области – офталмолози, интернисти, ендокринолози и општи доктори градиме еден заеднички пристап во дијагностицирањето на дијабетесот и дијабетичната ретинопатија, како и усогласување на методите и протоколите на неговото лекување и третирање.Знаејќи ги потребите на граѓаните од Битола и регионот пред 6 месеци успеавме да ги донесеме светските стандарди и стандардите на клиниката „Свјетлост“ Загреб и отворивме дијагностички центар во Битола. Особено сум горд на мојата колешка Александра Гочева Јерчиќ, која одлично го води истиот, благодарение на нејзиното искуство и познавање, а и воедно нашата заедничка соработка со клиниката во Скопје, за да го овозможиме најдоброто за нашите пациенти“ – вели д-р Златко Арнаудовски, стручен директор на „Систина Офталмологија“ Скопје.


На настанот присуствуваа околу 100 гости – офталмолози, доктори по општа медицина, интернисти, ендокринолози од Битола, Прилеп, Охрид, Струга, Ресен, Демир Хисар, Македонски Брод, Крушево и Кичево.На учесниците на предавањето им беа презентирани начините за подобро дијагностицирање на дијабетесот и дијабетичната ретинопатија, а со тоа и посовремен и поефикасен начин на третман.

„Дијагностичкиот центар во Битола работи непрекинато од неговото отварање до сега и горди сме да кажеме дека на околу 2000 граѓани од Битола и регинот сме им помогнале грижејќи се за здравјето на нивните очи и вид. Битола е мал град, сите се познаваме и лицата со дијабетес се најголемиот дел од нашите пациенти, на кои сме им помогнале со апликации на АНТИ ВЕГФ третмани, ласерфотокоагулација, оперативни зафати за кои е потребно, заедно во соработка со клиниката во Скопје. Се покажавме како одлични домаќини на овој проект „Регулиран дијабетес – сочуван вид“. Тука сме сите со една цел, грижата за здравјето на нашите пациенти, а тоа ќе го оствариме заеднички почнувајќи од Битола.“ – вели д-р Александра Гочева Јерчиќ, специјалист офталмолог во „Систина Офталмологија“ Битола.

Вакви предавања Систина Офталмологија ќе одржи и во други градови од Македонија.