Караџовски како сведок повикан на распит во Обвинителството

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Претседателот на Судскиот совет Зоран Караџовски утрово е повикан да даде исказ во Јавното обвинителство за организиран криминал и корупција, потврдуваат од Обвинитеството.

Оттаму појаснуваат дека Караџовски е викнат во своство на сведок да даде исказ во врска со предметот по допрен глас објавен во медиумите, односно за допрецизирање на фактите во предметот во однос на додатоците на плати на членовите на Судскиот совет.

Предметот беше оформен во декември минатата година по објавите на медиумите дека Судскиот совет донел одлука за за зголемување на платите на неговите членови и платите на судиите во висина од 35 отсто од основната плата.

slobodnaevropa.mk

Share.