Карес во Битола го донесе светски познатиот готвач Марк Де Јонг

0
4217

Битолчани се дружеа со најдобриот готвач во Македонија Марк Де Јонг на забава организирана од Карес.

Веднаш пред продавницата на Карес во старата битолска чаршија на забава под отворено небо вчера голем број посетители имаа можност во живо да видат како овој светски познат готвач ги подготвува своите најдобри специјалитети и тоа во садовите на Карес, кои овозможуваат квалитетна подготовка на здрава храна.

,,Што се случува тука во Битола.. Јас сум Марк, ме познавате, доаѓам да правам една презентација за Карес. Сите знаат што се Карес, производи за готвење. Имате тави, тенџериња, лажици.. Имате се за готвење и тоа готвење кое е брзо, лесно и вкусно.,,-изјави на презентацијата во Битола готвачот Марк Де Јонг.

Од Карес велат дека не случајно токму најдобрите ги одбираат за да ги презентираат своите производи.


,,Како и секогаш така и овој пат Карес Груп е познат по тоа што соработува исклучиво со најдобрите, во случајов со најдобриот македонски готвач Марк Де Јонг. Целта е нашите производи да се доближат до битолчани. Да видат како сето тоа функционира во пракса. Уште еднаш со самото тоа што Марк ги одбра нашите производи за негова лична употреба е доказ дека тие навистина во моментов се најдоброто што се нуди на пазарот.,,-изјави Милка Димитров, вработена во Карес груп.


Битолчани неколку часа имаа можност да се дружат со готвачот Де Јонг, додека тој им приготвуваше избрани специјалитети.


,,Направив едно јадење кое треба да крчка, треба да се приготвува минимум три часа. Исецкав јунешко месо, му додадов кромид, паштенак, морков и го готвам тука со пиво. Му ставив и други зачини, односно кимјан, цимет, многу зачини. Ова тенџере е специфично од гус е направено и е погодно токму за приготвување на вакви јадења. И ова се продава овде кај Карес.,,-вели Де Јонг.


Тој лично секојдневно за приготување на различни јадења ги користи токму производите на Карес.


,,Ова се светски познати производи. Се употребуваат во цела Европа, а сега и во Македонија. Тие се веќе неколку години присутни во Македонија и тука сме за да покажеме дека со овие производи може да се готви лесно, брзо и вкусно. Јас секој ден ги користам. И во емисијата и секојднево.,,-вели Де Јонг.


,,Ги нудиме производите кои што се наменети општо за домаќинство. Од најситна работа како што се лупач и ренде, па се до најкрупните работи како тави и тенџериња. Сето тоа од најпознатите производители. Буквално во цел свет се застапени. Сега еве се доближани и на македонскиот купувач на македонскиот пазар. Во првиот момент штом ќе дојдете во допир со производот со оглед на квалитетот и дизајнот никој не останува рамнодушен, а колку повеќе го користите толку повеќе ќе се убедите во тоа зошто навистина важат за најдобри и кај нас и ширум светот.,,-вели Димитров.


Марк пред битолчани откри дел од своите мали готварски тајни.

,,Јадењата секогаш прво ги пропржувам.,,-вели тој.

За Карес пак вели дека тоа е голема тајна за успешно готвење.


,,Карес не е мала тајна, туку е голема тајна која што ја препорачувам на сите.,,-вели Де Јонг.

Забавата предизвика големо внимание кај битолчани.

,,Одзивот е голем, што покрај другото е и заради Марк и неговиот шарм. Битола знае да препознае што е убаво и што е квалитет. Карес Груп е на истата локација веќе скоро две години на Булеварот 1 мај 224 или на потегот од дрвениот мост кон Ленски мост. Од понеделник до сабота работиме од 9 до 20 часот.Нашата веб страна е www.kares.mk . На Фејсбук нашиот профил е карес Битола.,,-вели Димитров.


Од Карес велат дека и во иднина со своите потрошувачи ќе комуницираат на интерактивен начин преку интересни настани.