Каролина Гочева за концертите во Битола

0
2453

После концертниот маратон во Скопје и настапот во Охрид и битолската публика имаше можност да ги слушне најновите песни на Каролина Гочева од албумот Извор, на двата концерти во Центарот за култура.

-Навистина беше пријатно изненадување што се пееја некои од новите песни, беше прекрасно, атмосфера која ја посакувавме, но не ја очекувавме. Публиката од почеток до крај не поддржуваше и најмногу се израдував кога ги пееја новите песни-истакна Гочева.

Покрај овие песни Каролина изведе дел од песните на Македонско девојче 2, а битолската публика ја придружуваше од почеток до крај.

Она што го привлече вниманието на посетителите беше излегувањето на сцена на хорот Мелодиум и младата Александра Дрогришка за песната Звона.