Каролина приреди концертен маратон за промоција на Извор

0
569

Во Македонската Опера и Балет, публиката уживаше во концертите на Каролина Гочева на кои го промовираше новиот албум „Извор“.
Македонската пејачка ги израдува своите фанови со објавување на девет нови песни кои за првпат ги изведе на концертите и тоа на концертниот маратон од 7 концерти.
Истите беа во организација на „Авалон продукција“.

На концертите публиката за првпат имаше можност да ги чуе во живо сите нови песни од долгоочекуваниот албум на Каролина, а се потсети и на најубавите нумери од проектот „Македонско девојче“.
„Убав живот“, „Нема песна за мене“, „Да е сон“ и „Земи го срцево“ се само дел од песните на нашата ѕвезда.

Насловната корица на албумот „Извор“ ја краси портретот на поп пејачката, насликан од нејзиниот сопруг, познатиот уметник Михаил Корубин.

Текстот на песните е на Весна Малинова, една од композициите е потпишана од Весна Петрушевска, музиката е на композиторот Никола Мицевски.