Кастинг во Битола за најновиот филм на Манчевски

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Викендов во Центарот за култура, се организира отворена аудиција за деца, за новиот филм на Милчо Манчевски . Аудицијата се однесува на деца од 4 до 14 годишна возраст. Оваа е прва аудиција за филмските улоги кои треба да ги толкуваат деца. Во процесот следуваат од 3 до 4 аудиции – за потенцијалните кандидати кои ќе влезат во потесен круг. Децата-кандидати кои ќе бидат избрани за во потесен круг, ќе бидат контактирани во текот на училишниот распуст од страна на асистенката на режисерот Манчевски која ќе работи заедно со избраните деца. Кандидатите ќе бидат фотографирани и интервјуирани пред видео камера. 

Аудицијата ќе се одржи на 19-ти и 20 ти мај, сабота и недела,  од 10 до 18.30 часот.

Share.