Денеска библиотекта „Св. Климент Охридски“ вршеше кастрење на боровите пред објектот кои надвиснати над улицата го попречуваа слободното и безбедно свижење на малиот тротоар пред објектот. Според информациите го кои дојдовме, со претходна дозвола од Општина Битола, кастрењето го реализира ЈКП „Коминалец“ . Еден од боровите во поодмината возраст, засаден непосредно пред стариот влез во Библиотеката беше целосно отстранет.
Кастрење на дрвјата имаше и по улицата Партизанска.
По реакциите кои нашите граѓани ги имаа на ФБ страната на Тера Телевизија, со сугестии дека на многу од улиците е потребна ваква акција, особено за некои поради потенцијалниот снег кој се очекува во оваа сезона и претставува потенцијална опасност , контактиравме со директорот на ЈКп „Комуналев“. Горан Степановски во телефонски разговор информраше дека кастрењето на дрвјата е составен дел од нивнат Програма за работа и, дека тоа е секојдневна акција што ја реализираат во месеците од октомври до март. Најпрвин се прави проценката, вели Степановски, потоа се информира и се бара дозвола од соодветните служби во Општината и на крај се реализра оваа активност според потребите.











