Катастрофални пожари во Колорадо

Гувернерот на Колорадо, Џеред Полис, прогласи вонредна состојба, додека десетици илјади луѓе се евакуираат, а стотици домови се уништени во големите пожари што се шират низ оваа американска сојузна држава.

Пожарите го зафатија округот Болдер северно од Денвер, а властите велат дека најверојатно има починати и повредени.

На околу 30.000 луѓе од градовите Лујвил и Супириор им беше кажано да ги напуштат своите домови.

Сподели