„Катимерини“ пишува дека на масата има уште едно име

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

На преговарачката маса за Македонија има уште едно име покрај веќе познатите предлози на медијаторот Метју Нимиц. „Новиот предлог бил поврзан со Крушево и со словенското наследство на соседната земја“, пишува на интернет-страницата на грчкиот весник Катимерини, кој се повикува на доброинформирани извори.

Во написот се објаснуваат местоположбата и историското значење на Крушево и тоа дека овој предлог ја прекинува како што пишува Катимерини врската со „антиката“ наметната од „осудениот поранешен премиер Никола Груевски“.

Под наслов „Уште едно име на масата“, Катимерини пишува дека по пропаднатиот обид да се договорат за предлогот „Илинденска Македонија“, Атина и Скопје продолжуваат да бараат едно име за севкупна употреба и трајно решение на повеќегодишниот спор.

Катимерини пишува дека двете страни се во дипломатски спринт, кој се очекува да биде засилен во пресрет на Самитот на ЕУ на 28 јуни.

mkd.mk

Share.