Катимерини: Преговорите забавуваат, посетата на Коѕијас одложена

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

По силниот старт, разговорите меѓу владините претставници на двете земји во врска со спорот за името значително забавија, бидејќи Атина чека значајни отстапки од Скопје за клучните барања на Грција за промени во уставот на ПЈРМ, пишува денеска грчкиот весник Катимерини.

Според весникот, токму ваквото успорување на динамиката во преговорите ја одложило посетата на шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас на Скопје, која беше долго најавувана и за време на која тој требаше да ја донесе грчката нацрт спогодба за решение.

Катимерини пишува дека Коѕијас сигурно неделава нема да оди во Скопје, бидејќи најавено е негово обраќање на Универзитетот во Бостон. Притоа весникот истакнува дека разликите што и натаму ги држат на далечни позиции официјалните претставници на Грција и на ПЈРМ, „може да значи дека патувањето нема да се случи до крајот на март“.

novatv.mk

 

Share.