Катин мерак-трета композиција на Никола Николовски

0
401

Младиот и талентиран хармоникаш Никола Николовски, ја промовираше својата трета по ред авторска композиција-Катин мерак.

Композицијата е снимена во студиото Гимел, за аранжманот се погрижи професорот  Кирил Стојчевски, а истата ја изведуваат покрај Никола и Коста Стевановски, Трајче Ивановски, Димитар Настевски.

Катин мерак е посветена на сестрата на Никола, Катерина.

Претходно Николовски ги компонираше композициите Николова деветка и Битолски ориент.

Тој долги години е член на оркестарот на КУД.Илинден.