Кајли Џенер во пинк издание како никогаш досега

Кајли обожава да биде во центар на вниманието, а всушност токму тоа е она што најдобро го прави и она кое и носи доволно пари за да живее во луксузот во кој е сега. Познато е дека таа сака смели потези со својот моден избор, па така вчера вечерта повторно не изненади со уште една уникатна модна комбинација, разнобојно спандекс-боди.

Таа оваа фотографија ја објави на Инстаграм за својата огромна база на фанови. За најновата фотографија клекнува покрај огледало во нејзината вила во Холмби Хилс. Потоа, таа се пофали дека излегува на вечера во Нобу со сестра и Кендал Џенер. Основачката на „Кајли козметика“ се издвои од толпата во интергалактички комбинезон, а облеката ја комплетира со мини розова чанта со потпис на Хермес и светкави розови чевли.

Сподели