Кај Демир Капија откриени се 35 мигранти од Пакистан

0
141

Вчера полицајци од Михајлово и Неготино на регионалниот пат Гевгелија-Скопје, во товарно моторно возило марка „форд транзит” пред тунелите кај Демир Капија откриле 38 мигранти (35 од Пакистан и тројца од Индија).

Полицајците дале знак за запирање на возилото со велешки регистрации, но возачат не запрел туку продолжил да се движи кон тунелите кај Демир Капија. Полициската патрола по извесно време го пронашла возилото оставено и без возач, со мигрантите сместени во товарниот дел од комбето.

Утврдено било дека возилото имало лажни регистарски таблички. Со мигрантите кои биле на возраст од 17 до 41 година извршен е разговор, при што е констатирано дека тие илегално пешки влегле во Македонија од Грција во текот на претходната ноќ и за по 4.000 евра требале да бидат пренесени преку граница, до крајната дестинација.