Денес со посета на Подрачната канцеларија на министерството за земјоделие во Битола беше заменик министерот за земјоделска политика и храна на Украина, Маркијан Дмитрасевич.
Раководителот на подирачното министерство Методија Илиевски, кој е кандидат за пратеник соопшти ека украинската делегација во која се и пратениците од тамошното Собрание, неколку денови престојува во Македонија за да ги слушне нашите искуствата од процесот на прилагодување на домашното законодавство на законодавството на Европската унија во делот на земјоделието.
„Нашата држава е посочена од Европската Комисија, како една од земјите, која е на најнапредно ниво во делот на усогласеноста на земјоделскиот сектор со европските земјоделски политики и законодавство и користењето на средствата од ИПАРД, во однос на останатите земји кандидати за членство во ЕУ.
Украински колеги се запознаа со функционирањето на подрачната единицс на министерството во Битола како и со придобивките од спроведувањето на процесот од спроведувањето на процесот за консолидација на земјишните парцели во Пелагонија“ вели Илиевски.