Соглaсно обврските од Акцискиот план со краткорочни мерки за чист воздух за период 10-14 февруари 2025 година 9 општини имаат испратено извештај за засилени активности до Министерството за животна средина и просторно планирање.
Општина Битола во првата половина на февруари изврши контролни надзори во три инсталации со Б дозволи кои беа задолжени да превземат мерки за сведување на емисиите во воздух во законски дозволените граници. Констатирано е дека во трите инсталации се превземени мерки со сервисирање на котларите, извршени се контролни мерења и од истите се гледа дека емисиите во воздух се во законски дозволени граници.
Од страна на МЛЕКАРА АД БИТОЛА се превземени мерки за адаптација на котларата и поврзување на истата со нов горилник за природен гас, за што е изграден и приклучок со што МЛЕКАРА АД Битола е спремна да премине на природен гас штом биде достапен. ЛАКТАЛИС МЛЕКАРНИЦА МК ДООЕЛ Битола исто така е спремна да изврши прилагодување на котларата за премин на природен гас. КВАСАРА АД Битола има поставено фотоволтаици, а во тек е проект за изградба на котел кој ќе користи електрична енергија со што ќе се намали користењето на дрвата како гориво.
Извршени се надзори во 5 автосервиси за постапување со отпад и не е констатирано согорување на отпадно масло. Со истото се постапува согласно закон: привремено безбедно се складира и се предава на овластени субјекти, се вели во соопштението од Министерството за животна средина.












