Ким поднесе барање за развод

После повеќе недели на шпекулации Ким Кардашиан конечно поднесе барање за развод од Кање Вест. Но, зад сцената се чини дека нивниот брак беше завршен од долго одамна. Откако во Јули 2018 година Кање јавно зборуваше дека сакаше Ким да ја абортира нивната 7 годишна ќерка , немаше назад за повредената Ким. Тоа беше почетокот на крајот на нивниот брак.

Минатата година Кање јавно ја посрамоти Ким откако објави на Твитер дека сака да се разведе од неа. На последните папарацо фотки ја забележавме Ким како не го носи вереничкиот прстен додека го поминува времето заедно со нејзините четири деца во Лос Анџелес.

Во меѓувреме Кање го поминува своето времe на својот ранч во Вајоминг кој чини цели 14 милиони долари.
Ким и Кање се венчаа во Италија во далечната 2014 година, оттогаш наваму тие имаат четири заеднички деца, трите ќерки Норт, Сејнт, Чикаго и синот Псалм.

Се вели дека Ким бара заедничко старателство за децата а, Кање е задоволен со тоа, и што е најважно и двајцата се одлучни да бидат добри родители иако нема да бидат заедно.

Сподели