Ким Џонг-ун е компетентен и зрел лидер, вели Путин

0
304

Претседателот на Русија, Владимир Путин изјави дека лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг-ун се покажал како зрел лидер, во чиј интерес е смирување на тензиите поради нуклеарната и балистичка програма.

Путин на состанокот со главните уредници на печатените медиуми изјави дека Ким е компетентен и зрел политичар, кој ја остварил својата стратешка определба да има нуклеарно вооружување и ракети со голем дострел. Според рускиот претседател, лидерот на Северна Кореја сега се обидува да ја смири ситуацијата.