Кина го внесе во активна служба „невидливиот“ ловец од следната генерација (ВИДЕО)

0
245

Кина во активна борбена служба ја стави новата генрација на невидливиот за радари ловец Ј-20 во надеж дека ќе го намали јазот во однос на САД, соопшти кинеското воено воздухопловство.Кинескиот претседател Си-Џинпинг спроведува голема модернизација на кинеските оружени сили кои се најголеми во светот, а модернизацијата вклучува нови проектили за соборување сателити и напредни подморници.Военото воздухопловство на Кина соопшти дека Ј-20 е вклучен во борбените единици и дека ќе придонесе на заштитата на државниот суверенитет, безбедноста и територијалниот интегритет. Авионот за првпат беше прикажан во јавност на крајот на 2016 година.Авионот поприлично личи на американскиот „стелт“ ловец Ф-22 „раптор“, но прашање е дали навистина може да му парира.Кина развива и невидлив ловец-бомбардер Ј-31, кој треба да му конкурира на американскиот Ф-35.

мкд.мк