ТЕРА

REKLAMA???

КИНА ЗАПОЧНА ВОЕНИ ВЕЖБИ ОКОЛУ ТАЈВАН

Кина, како што објави државната телевизија, започнала големи воени маневри околу Тајван, во кои се користи и боева муниција. Вежбите следуваат како реакција на посетата на американската политичарка Пелоси на островот.

Уште во текот на изминатите денови, јавуваат тајванските власти, кинески борбени авиони навлегле во тајванскиот воздушен простор. Забележани се и кинески воени бродови во Тајванскиот теснец, кој демократски управуваниот остров го делат од копнена Кина.

Согласно на најавата, кинеската војска сега започнува опсежни маневри во близина на Тајван, објави кинеската државна телевизија, со укажување дека се користи и боева муниција. Телевизијата прикажа снимки на воени авиони и воени бродови во регионот.

Тајванското Министерство за одбрана соопшти дека ситуацијата се следи со внимание, дека воените сили на островската држава ќе дејствуваат според принципот „подготовка за војна, но желба да нема војна“, тајванската страна нема да предизвикува ескалација на конфликтот.

.