Кинеска провинција забрани прослави на родендени, но причина не е корона вирусот

Кинеската провинција Фунинг забрани прослави на родендени и воведе ограничувања на свадби и погреби по апелот на централните власти во кои граѓаните се повикуваат на штедење.

Новите правила ќе стапат на сила во текот на месецот и тие забрануваат организирање прослави на родендени, промоции и домашни приеми.

Прочитајте и: Мајка и ќерка станаа вирална сензација заради сличноста

Засега, мерките ќе важат само за членовите на Комунистичката партија, јавните службеници и локалните службеници, но се очекува да послужат како пример и за другите граѓани.

Покрај тоа, воведена е забрана за парични подароци за свадби и погреби, кои не можат да надминат 200 јуани (25 евра), пренесува Би-Би-Си. Таквата практика е стар кинески обичај, но се користи и за поткуп на влијателни луѓе.

Според новите правила, државните службеници ќе треба однапред да им соопштат на централните власти детали за свадбените прослави и да им го покажат списокот на гости и вкупните трошоци. Според правилата, бројот на гости не може да надмине 200.

Исто така, ако прославата се одржи во ресторан, не може да се потрошат повеќе од 50 јуани (6,4 евра) по гостин за храна, или 300 јуани (38 евра) по трпеза, доколку се работи за домашна прослава.

Бројот на возила во свадбени поворки не смее да надмине 10.

Во последните неколку години, кинеската централна влада апелираше до граѓаните да организираат едноставни свадбени прослави.

Сподели