Кинеска телевизија ги цензурираше Ирска и Албанија поради хомосексуалност и тетоважи

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Европската радиодифузна унија (ЕБУ) му забрани на еден од најпопуларните кинески ТВ-канали да ја емитува Евровизија, откако тој цензурираше ЛГБТ-елементи и други детали за време на полуфиналето.

Кинеската телевизија во вторникот, во првата полуфинална вечер, не ја емитувала ирската песна поради хомосексуална содржина, а албанската песна била забранета затоа што пејачот има тетоважи.

За време на преносот било замаглено  знамето со виножитото на ЛГБТ заедницата во публиката.

ЕБУ објави дека цензурата е спротивна на идејата за почитување на различностите, што ја промовира Евровизија.

Share.