Кинокултура-Презентација на културното наследство и кино

Валоризација на културното наследство за развој на туризмот во прекуграничниот регион.  Широк Сокак и Вароши- што е заедничко и што е она што Битола и Едесе ги
спојува, а притоа нудат размена, поголема комуникација, пријателство, соработка. Два градаво прекуграничната област со заеднички карактеристики, урбани области низ вековите, кои презентираат особености на културното наследство како резултат на нивниот урбан карактер. Градови со богата историја и можности за заедничка културно-туристичка
промоција.

Битола и Едеса, со своите заеднички, но специфични карактеристики, градат единствена приказна, која е една од причините да ги посетите овие градови, да ја доживеете нивната убавина, да ја раскажувате нивната приказна и да се вратите, повторно и повторно…

Проектот „Кинокултура”се обидува да го пролонгира престојот на посетителите во двата града со создавање алатки за нивно информирање и создава подобар водич до сите културни споменици и места од интерес за животната средина.

Новите технологии играат одлучувачка улога во „реконструкцијата” на минатото во регионот и промовирањето на важните историски елементи и културното наследство. Проектот „Интерактивна и виртуелна презентација на културното наследство и кино” „КИНОКУЛТУРА” е кофинансиран од Европската Унија и од националните фондови на земјите учеснички на Првиот повик за предлог – проекти во рамките на програмата ИНТЕРЕГ ИПА за прекугранична соработка Грција – Република Северна Македонија 2014-2020 година.

Сподели