Кипар погоден од големо невреме

0
620

Големо олујно невреме го погоди во понеделникот планинскиот венец Тродос на Кипар, проследено со град со големина на орев.

Градот за само неколку минути на патиштата формираше слој мраз во висина од седум сантиметри, а температурата за неколку минути падна од 20 Целзиусови степени на само пет степени.

Невремето ја уништи овогодишната жетва, а локалното население побарало помош од државата бидејќи градот целосно ги уништил овошките чија берба требало да започне за неколку дена.