Кире Ристевски потпиша тригодишен договор со Ујпешт

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Македонскиот репрезентативец Кире Ристевски ќе ја продолжи својата кариера во Ујпешт. Со тоа тој се реши да остане во Унгарија, откако во минатото го носеше дресот на Вашаш.

По испаѓањето на тимот во Втората лига, јасно беше дека битолчанецот ќе побара нов клуб. Во Ујпешт во минатото играа неколкумина македонски играчи меѓу кои најпознатиот Енис Барди кој сега настапува за Леванте, потоа таму играа и Виктор Ангелов и Ремзифаик Селмани кои сега се дел од Шкупи, односно Шкендија.

Ристeвски од 2014 година е репрезентативец на Македонија, а на клупски план играше уште за матичниот Пелистер, Елбасан, Билис Балш, Славија Софија, Тирана и Работнички.

Share.