Киро Дандаро за 13 милиони денари ќе ги печати гласачките ливчиња

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Државната изборна комисија (ДИК) го утврдува изгледот на гласачкото ливче за референдумот закажан за 30 септември.

Печатницата „Киро Дандаро“ е избрана да ги печати ливчињата, а за таа намена ќе бидат потрошени 13 милиони денари.

Претседателот на ДИК Оливер Деркоски информираше дека од безбедносни причини изгледот на гласачкото ливче Комисијата ќе го утврдува на затворена седница за јавноста, дека за печатење на избирачките ливчиња се пријавиле три печатници, но дека Комисијата одлучила тоа да го прави печатницата „Киро Дандаро“. Се водело сметка заштитата на гласачките ливчиња да биде на највисоко можно ниво за да се избегнат сите евентуални шпекулации.

За сумата што ќе се потроши од 13 милиони денари за печатење на гласачките ливчиња рече дека е намалување во споредба со парите потрошени за гласачки ливчиња на изборните циклуси во 2016 (околу 49 милиони денари) и во 2012 година (28 милиони денари).

Членовите на Комисијата го усвоија Упатството за важечки и неважечки ливчиња на референдумот. За важечко ливче ќе се смета она ливче на кое, како што рече членот на ДИК, Елизабета Постоловска, ќе се заокружи „за“ или „против“ со сино пенкало.

– Со штиклирање и ставање „х“ ливчето ќе биде неважечко, потенцираше таа.

Share.