КК Пелистер ги почнува подготовките

0
308

По повод стартот на подготовките кој е закажан за денес во 20 часот, прес конференција одржаа дел од управата на КК Пелистер и новиот тренер Предраг Созовски.

„Екипата на Пелистер оваа сезона ја започнува подготвено со определен буџет, а во тек е потпишувањето на договорите со кошаркари кои играа лани и со засилувањата. Што се однесува до финансиите клубот ќе ги има ланските средстав плус има преговори со одредени компании од градот кои сакаат да помогнат. Сето ова ќе значи поголема финанскиска стабилност, поголема мобилност на сите во клубот, а сето тоа ќе значи поголеми амбиции од лани. Оваа сезона имаме амбиции да влеземе во шесте екипи во разигрувањето, повеќе се не се повтори ланската сезона да бркаме опстанок, односно да бидеме чекор понапред, да напредуваме. Морам да кажам пред стартот на новата сезона, дека Пелистер е еден од двата клуба во Македонија кој ги испочитува договорите со сите во клубот и дека им е исплатено до последен денар, според договорите, а не е преземена никаква санкција се со цел да им се намали исплатата“ рече Сашко Наумов претседателот на клубот.

На прес конференцијата зборуваше и спортскиот директор на КК Пелистер, Јовче Христовски.

„Во основа став на Управата е да се подмлади тимот и да се искористи новото правило на КФМ за право на настап на само два странци, што нас ни е добредојдено во насока на градење на битолски клуб, односно да имаме битолска иднина. Во таа насока ние сега имаме потпишано договор со два американци, странски играчи, Тај Харис и Фил Рендолс, за разлика од четворицата кои ги имаше лани. Од домашните засилувања потпишан е договор со крилниот центар Михајло Арсовски од Скопје рден 1995 година. Тука ќе кажам дека е потпишано со сите лански играчи, а од делот на искуството официјализирано е со Мико Голубовиќ, а се преговата и со Гоце Анакиевски“ рече тој.

„Прво сакам да се заблагодарам за довербата и поддршката која ми ја даде Управата на клубот и имаме исти амбиции. Јас пред десет години бев тренер на Пелистер кога екипата има големи амбиции, но за жал сето тоа траеше кратко. Сега се враќам во Пелистер со иста идеја, со иста цел, прво да го стабилизираме клубот на сите нивоа, почнувајќи од базата – младинските школи до првиот тим, а Пелистер треба да биде дом на сите кошаркари. Околу првата екипа ќе кажам дека имаме стабилен буџет, што е добро, но за прволигашки услови е скромен, со надеж дека ќе биде подобро. Со овој буџет формиравме екипа, која со добра работа, достојно ќе му се спротистави на сите екипи во лигата, што нема да биде ни малку лесно. Според мене лигата ќе биде послаба од лани по новите правила, но тоа не значи дека нема да има квалитетни странци“ изјави тренерот Предраг Созовски.

Управата одлучи покрај Созовски и Драган Наумов, во стручниот штаб ќе остане и искусниот Благој Печалев, а за координатор на младинската екипа е назначен Мартин Јовановски.