Клаудија Кардинале воодушевена од Охрид

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Ѕвездата на годинашниов фестивал, Клаудија Кардинале и нејзината екипа, вчера го посетија Охрид. Таа беше воодушевена од охридските бисери, природата и охридските цркви, соопштија од фестивалот.

Директорката на ИФФК „Браќа Манаки“ јавно се заблагодари на Завод и музеи Охрид и на директорката Елеонора Новаковска за тоа што овозможи на светски познатата филмска дива Клаудија Кардинале и високите гости на фестивалот да се запознаат со културното богатство на Македонија. Гостите го посетија Охрид во понеделникот и иако беше неработен ден, директорката Новаковска овозможи тие, сепак, да ги видат вредните експонати на културното богатство на Македонија.

Share.