Клои Кардашиан и Тристан Томпсон се фокусирани на второ бебе

Клои Кардашиан и Тристан Томпсон се фокусирани на второ бебе
Оваа двојка веќе има една ќерка која има 2,5 години и се вика Тру и според извор близок на двојата Клои која има 36 години и Тристан кој има 29, активно се трудат да добијат второ бебе. Тоа е голем приоритет за нив во моментов. Навистина сакаат да им успее.
Клое поминува голем дел од своето време во Лос Анџелес додека Тристан работи во Бостон. Клои ужива во посетите на Бостон но, не сака да живее таму. На Тристан му е сосема јасно дека таа сака да биде блиску до своето семејство а, и нивната ќерка Тру е најсреќна во Лос Анџелес со нив.
 Во рекламата за последната сезона на реалити шоуто Кардашианс, Клои седнува на маса со Tристан и дискутираат за идеата да имаат уште едно бебе.

Клои вели “Кога замислував дека ќе имам деца никогаш не мислев дека ќе имам само едно дете. Ким секогаш кога ќе постирам видео од Тру ми се јавува и ми вика не е убаво сама да си игра треба да и родиш братче или сестриче. Таа исто така додава дека отсекогаш сакала големо семејство но, пандемијата ја натера да размисли подобро околу тоа. Додека бевме во карантин со Тру бев тажна што нема со кој да си игра зошто сите бевме изолирани. Тру расте и мислам дека сега е време за да се има второ дете”

Тоа е она што сакам да го слушнам изјави Tристан, кој исто така е татко на Принц кој има полни 4 години со бившата девојка Џордан Крег.

Клои започна да ги замрзнува јајце клетките од минатата година, па ќе и треба Тристан за да создаде ембрион. “Морам да ја планирам бременоста повторно од почеток, тој процес трае долго и кога веќе започнувам сакам да сум подготвена. Мислам дека ќе успее.” -изјави Клои.

“Отсекогаш сум сакал деца, сега ги имам Принц и Тру, две направив уште две се на ред.” -Изјави Тристан.

Сподели