КМФ Конзули спремен за футсал дербито против КМФ Кеги Моби

По три последователни победи на стартот на Втората фудбалска лига, битолските КМФ Конзули се соочуваат со најголемиот предизвик на почетокот на својата сезона. Имено, битолчани в понеделник од 19:30 часот во спортската сала „Павел Шатев“ ќе се сретнат со КМФ Кеги Моби.

Две екипи кои се непоразени на почетокот од Втората лига ќе играат во Битола, а победникот може да се пофали со старт од снишатата.

КМФ Конзули се активираше сезонава, состави компетитивна екипа и ќе се обиде уште во првата сезона да влезе во елитата.

Сподели