Книжните 10 и 50 денари ќе бидат заменети со нови банкноти

0
878

Нови книжни банкноти од 10 и 50 денари ќе бидат пуштени во промет од 15 мај. Книжните пари од овие апоени кои сега се користат повеќе нема да важат, а новите кои исто така ќе бидат книжни ќе бидат изработени од полимер. Монетите од 10 и 50 денари и понатаму остануваат во промет.

-Правните и физичките лица ќе можат бесплатно старите банкноти да ги замената со други книжни или ковани пари. Замената од 15 мај годинава до 15 мај  2019 ќе ја вршат деловните банки во земјава, а по овој период тоа ќе се прави во Народната банка, се вели во соопштението од НБРМ.

Старите книжни банкноти од 10 и 50 денари беа пуштени во промет во септември 1996 година.