„Битола не се откажува од иднината“. Со ваков наслов и со фотографии и видеа, битолската СДСМ информира за денешниот централен митинг или како што е насловен Голем сенароден митинг кој ќе се одржи во Скопје пред зградата на делегацијата на ЕУ.
На митингот свои браќања ќе имаат Стефан Левен -претседател на ПЕС (Партија на европски социјалисти), Димитар Ковачевски – претседател на СДСМ и Стево Пендаровски – кандидат за претседател на Македонија, а куси обраќања ќе имаат и носителите како и коносителите на изборните листи на СДСМ и Коалиција.
Од утрово битолските социјалдемократи со полни автобуси заминаа кон Скопје.


Во автобусите беа и претседателот на битолските социјалдемократи Драган Крајовски и највисокото партиско раководство и коносителката на листата на СДСМ и Коалицијата, министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска.








фото: СДСМ Битола
И битолските лебералдемократи кои се дел од оваа европска коалиција заминаа за Скопје на централниот митинг.


Фото: ЛДП Битола












