ТЕРА

REKLAMA???

КОВАЧЕВИЌ ЗА ПРЕЧИСТИТЕЛНАТА СТАНИЦА НА БИТОЛСКИОТ ЗАТВОР

Еден милион евра пари од европските фондови и од државниот буџет беа потрошени за целосна реконструкција на Затворот во Битола, рече на денешната прес конференција Виолета Ковачевиќ, член на ИК на УЖ на ВМРО ДПМНЕ. 

„Почитувани, добро се сеќавате ние пред извесен период го алармиравме ова прашање, затоа што од лошо потрошените, украдените или, едноставно од лошо менаџираните европски и буџетски пари на граѓаните, ефектот е нула.

Драган Крајовски како секогаш така и сега молчи, а од повиканите институции да проверат и да направат ревизија како се потрошени парите од еден милион евра, нормално ни трага ни глас.

Сега повторно граѓаните и Битола, како последица на несовесното и неодговорно работење се соочуваат со сериозна еколошка катастрофа.

Директоре на битолскиот затвор и претседател на СДС, Драган Крајовски, повторно ве прашуваме:

– зошто дозволувате Пречистителната станица, која исто така беше дел од големото “реновирање” да е нефункционална и целосно запуштена ?

– дали заради нејзината нефункционалност фекалиите директно се излеваат во реката Драгор?

– дали господине Крајовски, знаете колкава еколошка катастрофа е тоа?

Зарем само вас не ви смета неподносливата реа што се шири околу неа ?

– господине Крајовски, ве прашуваме дали знаете колкави се последиците од директно влеаните фекалии во реката Драгор?

На крај, со надеж дека директорот на Затворот и претседателот на СДС Битола, Драган Крајовски, конечно ќе се одважи и ќе одговори, им се обраќаме на надлежните институции да преземат мерки и соодветно да реагираат“ вели Ковачевиќ.