Ковачевски бара извинување од Димитровски

0
3344

Васко Ковачевски од СДСМ, бара Борче Димитровски од ВМРО-ДПМНЕ јавно да му се извини за изнесените клевети на ФБ, во спротивно ќе го тужи. Барањето за извинување се однесува на фејсбук статусот на Димитровски, објавен на 28 декември минатата година, во кој тој напиша дали првата одлука на Ковачевски како нов директор на РЕК Битола била да се отпуштат од работа 133 ангажирани лица во комбинатот.

На тој статус тогаш реагираше Ковачевски, а сега преку својот адвокат бара Димитровски во рок од 48 часа да се извини јавно и да го повлече тврдењето на истото место каде што е изнесено.

„Со вака изнесеното тврдење со намера да наштетите на честа и угледот на Васко Ковачевски изнесовте невистини што се штетни за неговата чест и углед, иако знаевте дека инсесувате невистинити факти, поради што согласно член 8 од Законот за граѓанска одговорност за клевета и навреда сносите одговорност за клевета. Имено, лицето Васко Ковачевски не е нов директор на РЕК Битола, ниту донел некаква одлука во раководењето со РЕК Битола, а најмалку донел одлука со која од РЕК се отпуштаат 133 вработени“ се наведува во барањето за извинување.

Димитровски повторно се огласи на ФБ каде наведува дека го добил барањето, но, нема намера да се извини

„Денес добив честитка за Среќна Нова 1949 од Васко Ковачевски. Нема да се извинам за статусот на ФБ, а напротив ќе работам напорно Македонија и Битола идната година да ја дочекаат 2019 та наместо 1950 година! напиша Димитровски.

Ковачевски, пак, вели дека доколку Димитровски не се извини ќе поднесе тужба за изнесените клевети.