Викендов во Битола на промоцијата на промотивниот избореш штаб во изборната единица пет, присуствуваше претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски кој рече дека визијата на СДСМ за иднината е реална и остварлива.
„Јас денес нема да зборувам за неспособноста на опозицијата, ќе зборувам за напредокот, за светлата иднина, за поголеми плати и пензии, за европски животен стандард, за сето она кое што го направивме и ќе го унапредиме и дополниме во вториот мандат.
Другарки и другари социјалдемократи, почитувани поддржували на социјалдемократскиот сојуз на Македонија, драги граѓани. Седум години се прилично долго време, низ тие седум години СДСМ направи многу добри работи. Миниалната плата денеска е над 370 евра, повеќе од она што го затекнаме во 2016 година, просечната плата над 650 евра иако ветивме 500 евра до крајот на минатата година. Пензиите се во просек за 6500 денари поголеми од она што беа во 2016 година. Се се тоа двојно или тројно зголемени показатели.
Невработеноста ја преполовивме од 25 на 12 проценти. Но, тоа не е доволно. И јас сум дел од граѓаните и знам што се случува. Знам дека сето ова и треба и може да биде подобро. Затоа што се уште има граѓани чие секојдневие е многу тешко, кои не можат целосно да им обезбедат се што им е потребно на нивните деца. Се уште има родители кои што ќе легнат и гладни, за да може утредента на свои деца да им обезбедат тоа што е потребно.
И затоа велам и може и треба и мора да направиме повеќе. И мора да направиме да им е подобро и на граѓаните и на Македонија.
Визија на СДСМ за иднината е реална и остварлива! Точно знаеме што ќе направиме и како ќе го направиме тоа. Наскоро ќе ја презентираме и нашата изборна програма која содржи реални и остварливи мерки. Програма која ќе биде пример за тоа како треба да се работи за да се обезбеди повисоки плати и пензии, посилна економија, подобро образование и здравство, поконкурентно земјоделство, поголем ред во државата. Програма за сите – за младите, за пензионерите, за земјоделците, за стопанството, за работниците, за универзитетските професори, кои конечно денес го добија својот статус со примањата кои што ги заслужуваат после децении борба“ рече Ковачевски.












